Нови сообраќајни правила од 26 септември: Поминување на пешачки со мобилен ќе се казнува 40 евра, користење на мобилен при возење 50 евра
Полека, полека му доаѓа крајот на пешачење со телефон на уво или возење тротинети со слушалки – измените во Законот за безбедност во сообраќајот стапуваат во сила на 26 септември.
Како што пренесе Телма, преминување на пешачки со мобилен ќе се казнува со 40 евра, а возачите на тротинети, мотори или трактори кои користат електронски уреди за време на возење ќе плаќаат 50 евра.
„Пешакот е должен да се движи внимателно, без притоа да користи електронски уреди… со кои би му се намалило вниманието додека го преминува коловозот и велосипедската патека“, стои во член 116-а од Законот.
Од Нова година ќе се применува и системот „Безбеден град (Сејф сити)“, кој со видеонадзор ќе открива сообраќајни прекршоци. Но за тоа е потребно да се усвои и Законот за прекршоци, кој сè уште не е разгледан во Собранието.