МакедонијаНајново

Нови правила за цените: Трговците со помалку од 10 вработени немаат обврска да ги објавуваат цените онлајн 

Од четврток 18 април сите трговци (мали средни или големи) ќе треба да ги објават цените на секој производ која го нудат во малопродажба . Тука влегуваат и маркети кои продаваат основни прехранбени производи, овошје и зеленчук, и трговци кои продаваат средства за хигена, трговци на мало со бела техника, со играчки, техстилни производи, градежни материјали, алати и електрични апарати, буквално сите трговци кои вршат трговија на мало. Исклучени се само микро трговци, односно оние кои вработуваат до 10 лица, информира министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши,

Ова произлегува од Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало.

„Согласно Правилникот на Министерството за економија и труд, малиот, средниот и големиот трговец кој врши дејност трговија на мало има обврска да ги објавува цените на стоките кои ги пласира на пазарот на својата веб-страница на јасен и достапен начин, преку посебен дел на веб-страницата на трговецот посветен на цените односно Ценовник. Објавените цени треба да бидат достапни без потреба од регистрација или дополнителна најава. Ценовникот треба да содржи: назив на стока-производ (трговска марка, модел и слично), продажна цена со ДДВ, единечна цена по килограм, литар, метар, опис на стоката, достапност во продажен објект, редовна цена со ДДВ и промотивна или попустна цена која треба да содржи цена со попуст изразен во проценти, вид на промоција, дали е тоа промотивна понуда, пакет за лојалност или сезонски попуст, како и времетраење на промоцијата или попустот“, појасни министерот.

Трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10:00 часот.

Во случај на ненамерна техничка грешка во ажурирањето на цените на стоките, трговецот треба да ја корегира грешката во рок од 24 часа.

„Граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари бидејќи самите ќе можат да видат и да споредат во кој маркет има најниски цени. Ќе бидат подобро информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Нашите очекувања се дека со оваа мерка во наредниот период дополнително ќе има намалување на цените“, рече Дурмиши.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons