Нови правила во ЕУ: Од 2027 година мобилните телефони мора да имаат заменливи батерии
Европската Унија воведува радикални промени за пазарот на паметни телефони и таблети. Почнувајќи од 18 февруари 2027 година, сите уреди што се продаваат на европскиот пазар ќе мора да имаат батерии кои корисниците можат сами да ги заменат со основни алатки.
Оваа одлука значи крај за запечатените уреди и скапите сервиси само за промена на истрошена батерија. Производителите ќе бидат обврзани да обезбедат достапност на резервни делови со години откако одреден модел ќе престане да се произведува. Целта на оваа мерка е да се намали електронскиот отпад и да се продолжи животниот век на технологијата.
Инженерите сега се соочуваат со предизвикот како да го прилагодат дизајнот на идните телефони, а притоа да ја задржат отпорноста на вода и прашина. Се очекува дека новите модели може да бидат малку подебели за да овозможат лесен пристап до батеријата, но за корисниците тоа ќе значи помалку трошоци и поголема контрола врз уредите.



