Нови лажни дојави за бомби, денеска во две училишта и еден музеј
Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и една во музеј пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.
„Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Како што информираа оттаму, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за тероризам, а преку секторот за меѓународна полициска соработка се преземаат мерки, односно се врши истрага во однос на тоа кој е сопственик на електронската пошта, односно од каде се испраќани лажните дојави за бомби.



