Новата ски-патека ќе се вика „Македонија“ – Од 1. јануари ново место за зимски спортови
Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово”.
Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев го најави отворањето на новиот зимски центар на првиот ден од новата година, а првата ски-патека ќе го носи името „Македонија“.
– Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар „Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името „Македонија“! Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека. Нова година, нов успешен почеток! Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата… – сподели Јанчев.