Нова некрофилска шема, СДС обинува за Кочани но без докази
Ана Чупеска вели дека има наоди за штитење на полицајци поврзани со пожарот во Кочани, всушност немаат ниту еден доказ.
На прашањето дали имаат доказ дека од владата вршат притисок и штитат полицајци поврзани со случајот „Пулс“, потпретседателката на СДС Ана Чупеска одговори дека имаат наоди за тоа. Но што значи тоа „наоди“, муабети на чешма?
Ана Чупеска гостуваше во поткастот „Претрес со Ландов“ каде разговараше за случајот во дискотеката „Пулс“.
Чупеска и СДС континуирано го напаѓаат премиерот Христијан Мицкоски нарачува да бидат заштитени полицајци кои се вмешани во пожарот во Кочани, всушност за тоа немаат никаков доказ. Тие цело време го кажуваат тоа во прашална форма, како да се плашат да бидат тужени за клевета. Освен празни „наоди“ , немаат конкретен доказ дека некои се обидува да попречи на истрагата.
СДС цело време го напаѓа премиерот и владата, а во ниту еден момент не прашува што прави јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
По овие прашања Ана Чупеска беше вознемирена и побара пауза од интервјуто.