Спорт

Нов пораз на Пелистер во ЛШ, битолчани немоќни кај Магдебург 

Македонскиот ракометен шампион, Пелистер го доживеа и петтиот пораз по ред во Лигата на шампионите откако загуби на гостувањето кај Магдебург со убедливи 26-36.

Магдебург беше апсолутен фаворит во овој натпревар и тоа го покажа на теренот. Пелистер се држеше само во првиот дел од првото полувреме, германскиот тим потоа се одлепи и почна да создава разлика. На одморот домаќините имаа предност од 19-13.

Во вториот дел Пелистер почна добро, но домаќинот брзо се созема и повторно почна да создава уште поголема разлика. На крајот победи со 36-26.

Филип Кузмановски со шест гола беше најдобриот поединец кај Пелистер, одличен беше младиот Хаџиќ со четири голови. Најпрецизен кај домаќините беше Магнусон со десет погодоци.

Следниот меч на Пелистер во Лигата на шампионите е на 12 ноември кога во Битола ќе го пречекаат ПИК Сегед.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons