НОВ ВЛАЖЕН БРАН НЕ ОЧЕКУВА И ДЕНЕСКА – во текот на неделата можна е магла, Попоски предупредува „бидете особено внимателни“
Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран од Средоземјето, денес – понеделник ќе имаме нови врнежи од дожд, додека на планините, како и во западните предели и на повисоките места (околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег.
– На планините и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).
Пообилни врнежите ќе бидат во западните предели ( ќе наврне воден талог и до околу 20 литри на метар квадратен).
Во Скопје и околината исто така денес (недела) попладне и навечер ќе има нови врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од југоисточен правец. На околните повисоки планини ќе врне снег – нагласува метеопрогнозерот Славчо попоски.
Тој дополнува дека во утринските часови може да биде помирно, но во поладневните часови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд и снег на палнините над 1.500 метри.
Воедно Попоски предупредува сите да бидат екстремно внимателни, бидејќи во следните денови се очекува појава на магла во котлините.
– Во следната недела очекуваме упорана магла во котлините, која ќе условува намалена видливост, поради што апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни при управување на своите возила, особено во раните утрински или вечерните часови кога маглата е најинтензивна – нагласува Попоски.