НИКОЈ НЕ МОЖЕ ОВА ДА ГО ПРЕЖИВЕЕ: Еве како изгледа БМВ-то во кое загинаа 4-те млади момчиња (ФОТО)
Во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случила на патот Ужице – Златибор загинаа Владимир Милошевиќ (27), Урош Дрчелиќ (22), Стефан Џаловиќ (21) и Никола Даничиќ (19).
– Ужице од утрово е обвиен во црно. Ужице остана без четворица млади сограѓани: Стефан Џавовиќ (21), Урош Дрчелиќ (22) и Владимир Милошевиќ (27) и Никола Даничиќ (19). Почивајте во мир. Сочувство до семејствата – стои во написот на огласната табла на Ужице на социјалната мрежа Фејсбук.
По повод трагичната смрт на четворица млади во Ужице, во тој град е прогласен Ден на жалост за 12 септември, пренесуваат српските медиуми.
Да потсетиме, рано утринава на патот Ужице – Златибор се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија тројца млади момчиња, додека четвртиот им подлегнал на повредите во болница.
Сите четворица биле во едно возило – со словенечки регистерски таблички, кое утринава во 5:30 излегло од патот.