Несторовски: Милевски не сака играчи со силен карактер, затоа не ме викаше во репрезентација
Во големо интервју за „Моцарт“, поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски, зборуваше за многу работи, а меѓу нив и за неповикувањето од страна на селекторот Благоја Милевски.
И покрај возраста, Несторовски игра во добра форма во хрватското првенство, оваа сезона има дадено четири голови и направено три асистенции за Славен Белупо.
Несторовски не добиваше повик од селекторот Благоја Милевски кој сметаше дека напаѓачот не се вклопува во неговите замисли. Но, Илија смета дека тоа не е вистина.
„Не можам да кажам дека сум скаран со Благоја Милевски, едноставно него не му одговараат играчи со силен карактер. Одлучи да не ме вика повеќе, зборуваше дека не му се вклопувам во тактичките замисли. Се е во ред, нема проблем, секако дека тој носи одлуки за кои смета дека се исправни, но треба да се зборува како што е. Тоа нема врска ниту со технички, ниту со тактички работи“, рече Несторовски.



