Нема казни за замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот
Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски денеска информираше дека нема одредени казни за трговците по два дена откако стапи одлуката на Владата за привремено замрзнување на цените на одреден вид на зеленчук и овошје.
Денес се направени над 300 надзори и нема санкции, додека вчера биле направени 250 контроли и надзори.
„Апелирам трговците да вршат достава на производите и да не чекаат Владата да носи нови Одлуки! Се работи за интересот на граѓаните!“, повика Трајковски на социјалните мрежи.Почнувајќи од 5 април свежите домати не може да се продаваат повеќе од 70 денари, краставиците нема да може да се продаваат повеќе од 75 денари. Највисоката цена на кромидот ќе изнесува 60 денари, за карфиолот 70 денари, пиперките 90 денари, највисока цена на гравот е утврдена 75 денари, за леќата 110 денари, бананите 70 денари, портокалите 55 денари, мандарините 60 денари и лимонот 55 денари.
Владата денеска на седница донесе одлука трговците кои продаваат овошје и зеленчук, да прибавуваат и продаваат 70 проценти од количествата коишто ги продале во јануари и февруари.