НАЈНОВИ ДЕТАЛИ: За тројца од петмината приведени во врска со исчезнувањето на Вања се бара притвор, соопштија од Обвинителство
„Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.
За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката.
Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани“ стои во соопштението што денеска го лиферуваше Јавното обвинителство, во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска која веќе седми ден не е пронајдена.
Досега, во рамки на истрагата за пронаоѓање на Ѓорчевска, во околината на центарот на Скопје се пребарани сите подруми, сослушани сведоци, прегледани се видеа од 50 камери, следен е сигналот на телефонот, пребарани се манастири, како и коритото на реката Вардар, а истрагата продолжува.
Вања Ѓорчевска е висока 175 сантиметри, со кафени очи и темно кафена коса. Носи протези за заби и има бемка на десната страна од лицето.
Исчезна во понеделникот во утринските часови на пат кон училиштето „Песталоци“.