НАЈНОВА ИЗМАМА во Македонија: „Имаш ЗЛАТО во дворот, видовме на сателитски снимки“
- Најмалку пет лица досега се измамени од осумчлена организирана група што на наводни сателитски снимки „видела“ закопано злато и успева да ги убеди домаќините дека токму во неговиот двор има ќупови полни со злато, а за да го добијат, се разбира, треба да платат „само“ 6.000 евра аванс, пишува МКД.мк
- На Јаким Спасовски од Кратово му покажале сателитски снимки на кои наводно се гледа дека токму во неговиот двор има огромно богатство, златото на Константин и Елена – 13 ќупа и три сандаци полни со злато.
- Еден месец членовите на бандата го убедувале Јаким дека се сериозни луѓе, дека еден од нив е полицаец од Скопје, дека целата работа е легална, дека ако се најде богатството, државата ќе си го земе своето, ама на него „според закон“ ќе му останат 10 отсто, што е сосема доволно за богат живот за сите… и дека тие досега во разна опрема вложиле повеќе од 120 илјади евра. Но – за да почнат да копаат, Јаким треба да им плати 6.000 евра за 12-те „снимки“ од „американски сателит“.
- „На крај се согласив“, раскажува Јаким.



