Најдобрата македонска судијка ќе биде главна во полуфиналето на Копа Америка
Македонската судијка Ивана Пројковска доби огромна чест од КОНМЕБОЛ и ќе ја дели правдата на полуфиналето на Копа Америка.
Пројковска е делегирана да биде главна судијка на големиот дуел меѓу Аргентина и Колумбија кој се игра денеска од 19:00 часот во Квинто. Ѝ помагаат Џулиа Темпестили и Ирагарце Фернандез Есесумага.
Честа за најдобрата македонска арбитерка доаѓа преку соработката помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ за размена на судијки.
Како дел од истата размена, Едина Алвес Батиста од Бразил доби шанса да суди полуфинале на Европското првенство.