Наставна активност наиде на осуда: Двајца мажи и дете се семејство?
Скопјанка на својот профил на фејсбук, објави фотографија од работно ливче од кое децата учат за среќно семејство во ОУ „Кирил и Методиј“ во скопски Центар. На ливчето, како илустрација се нацртани двајца мажи и дете, а децата треба да објаснат кој е рецептот за среќно семејство.
Таа смета дека друг нема право да го наметнува ова на децата од најрана возраст!
-Секое полнолетно лице нека избере да биде што сака и нека се определи како сака, но тој, па ни било кој друг нема право да го наметнува ова на НАШИТЕ ДЕЦА од најрана возраст! Семејството го сочинуваат МАЈКА И ТАТКО! МАЖ И ЖЕНА!, напиша оваа скопјанка видно револтирана од оваа наставна активност.