Наполи ја достави првата понуда за Елмас, ова се деталите
Новинарот Матео Морето објави дека Наполи ја доставил првата понуда за враќање на Елиф Елмас, шампионот на Италија нуди 1,5 милиони евра за позајмица на Македонецот, со опција во целост да го купи за додатни 11,5 милиони евра.
Наполи тргна во офанзива по потписот на Елиф Елмас, доставена е првата понуда до РБ Лајпциг.
Како што пренесува новинарот Матео Морено, актуелниот шампион на Италија нуди 1,5 милиони евра за позајмица на Македонецот, а ќе ја покрие и целата негова плата оваа сезона.
„Наполитанците“ исто така сакаат опција во целост да го купат Елиф Елмас за додатни 11,5 милиони евра.
Останува да се види дали ова ќе биде доволно за РБ Лајпциг да даде зелено светло за враќање на Елиф Еламс во Наполи.