Наполи го потврди трансферот на Елмас, РБ Лајпциг откри зошто Македонецот се враќа во Неапол
Наполи попладнево и официјално го потврди трансферот на Елиф Елмас, кој пристигнува на „Диего Марадона“ стадионот на позајмица од РБ Лајпциг.
Елиф Елмас по година ипол се враќа на југот во Италија, на неколку часа пред крајот на летниот преоден рок пристигна потврда за трансферот во Наполи.
„Наполи може да соопшти дека го ангажираше Елиф Елмас на позајмица од РБ Лајпциг, со опција играчот во целост да биде купен“ – се вели во известувањето на актуелниот шампион на Италија.
Од таборот на РБ Лајпциг велат дека ова е вистинскиот чекор за Македонецот да продолжи со својот развој.
„За време на разговорите со Елиф, дојдовме до заклучок дека враќање во Наполи е правиот потег за тој да продолжи да се развива и на личен, и на спортски план“ – вели спортскиот директор Марсел Шафер.
„Елиф беше пример за професионалец во времето кое го помина во Лајпциг, работеше напорно на секој тренер“.
„Тој добро го познава опкружувањето во Наполи ќе може да ги покаже своите квалитети на највисоко ниво“.
„Му посакуваме се најдобро во иднина“.