Македонија

Над 9.500 слободни работни места во државава, еве кои професии се најбарани! 

Државниот завод за статистика денеска го објави бројот на слободни работни места во четвртиот квартал во 2024 година кој изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници.

Следуваат групите Работници во услужни дејности и продажба со 2.074 слободни работни места, Елементарни занимања 1.638, Занимања за неиндустриски начин на работа во производството 1.028, Ракувачи и составувачи на машини и постројки 851, Техничари и сродни занимања 1.016, Службеници 744. 

Евидентирани се и 44 слободни работни места во групата Членови на законодавни и извршни тела, државни функционери, раководни државни службеници, дипломати и директори, како и 19 во групата Стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons