На почетокот на студот, граѓаните меѓу змијата и магарето
На почетокот на студените месеци граѓаните се најдоа меѓу два огна. Што и да одберат, ќе им го испразни џебот. Дрвото достигна 90 евра за метар кубен, пелетите се над 400 денари за вреќа, а цената на струјата е превисока. Поради ова, најранливите категории за греење користат гуми или отпад од мебел. Во воздухот веќе почнаа да се забележуваат зголемени концентрации на отрови.
Ниво на загадување
Тетово – 111 ПМ 2.5
Лисиче – 119 ПМ 2.5
Велес – 116 ПМ 2.5
Министерот за животна средина, Насер Нуредини, вели дека ја разбира неповолната положба во која се наоѓаат граѓаните, но апелира да се трудат максимално да се држат настрана од гуми и други материи, чие согорување испушта канцерогени материјали.
„Како човек разбирам дека сме во многу тешка положба и трошоците се зголемени. Нормално, надлежните институции на секој начин се обидуваат да ја контролираат состојбата со цените. Моето барање како министер е да се грижиме со што се грееме. Тоа не треба да бидат опасни материи, гума, пластика. Прво да се грижиме за нашето здравје. Нормално има и инспекции. Имаме и владина одлука за маржа на пелетите и дрвото. Утре уште еднаш ќе отвориме дебата во Владата, да разговараме зошто се зголемија маржите“, рече Насер Нуредини – министер за животна средина.
Нуредини вели дека има сомнежи дека се вршат манипулации со цената на дрвата, па од утре најави теренски контроли./Alsat.mk