На Попова Шапка утрово измерени -12 степени, во Маврово -8
Среде април – зима. На Попова Шапка утрово биле измерени неверојатни за ова време -12 степени, а има и снежна покривка.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-12 Попова Шапка, -8 Маврови Анови, -6 Крушево, Крива Паланка, -5 Берово, -3 Скопје-Петровец, -2 Тетово, Куманово, Струмица, Виница, -1 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија, Кавадарци, 1 Велес, 3 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 8 часот (во l/m2)
2 Попова Шапка, Тополчани, Пожар.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 08 часот (во сm)
14 Крушево, 10 Попова Шапка, 3 Маврови Анови.
Денеска времето сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Скопје, Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.