НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – Света литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан
Во соборниот храм на Вселенската патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул се одвива заедничка литургија на која ќе сослужуваат архиепископот охридски и македонски Стефан и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
На литургијата присуствува и владина делегација која ја предводи премиерот Димитар Ковачевски. На свечениот чин присуствуваат и верници од Македонија.
Сослужувањето на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар (Истанбул) се одвива и на македонски јазик што само по себе е историски чин.
Фото: Принскрин/Јутуб