Свет

На Германија ѝ се заканува недостиг од готовина на банкоматите 

На Германија и понатаму, на почетокот на празниците, ѝ се заканува опасност од недостиг од готовина на банкоматите.

Причина за тоа е спор во индустријата за транспорт на пари и други скапоцености.

Всушност станува збор за гнев на работниците за транспорт на пари кон финансиските институции низ земјата. Работниците не наоѓаат заеднички јазик со работодавците, поради што штрајкуваат.

Надлежните признаваат дека е можно поради штрајкот да има недостиг од кеш во одделни делови на земјата, што може да биде проблем за одделни луѓе, пред сè за постарите.

Потенцијалниот недостиг важи за банкоматите, додека штедилниците и банките уверуваат дека се подготвени за оваа ситуација.

Од Германското трговско здружение соопштија дека претходните штрајкови не предизвикале поголеми проблеми во малопродажбата. Според нив, во најдобар случај, непријатно е кога нема готовина на банкоматите, што како последица може да има откажување од купувањето.

Употребата на готовината во Германија во последните години континуирано се намалува.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons