МакедонијаНајново

МОН објави конкурси за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

Министерството за образование и наука (МОН) објави конкурси за стипендии за студирање на најдобрите универзитети според Шангајската листа за академската 2025/26 година.

Стипендиите се наменети за македонски граѓани кои ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на врвни универзитети. Новите услови бараат стипендистите по дипломирањето да се вратат и да работат во Македонија двојно повеќе од времетраењето на студиите.

Воведена е обврска за регистрација во дигитален регистар (e-registar.mon.gov.mk), кој ќе им помогне во пронаоѓање работа. Доколку студентот се вработи во компанија од Fortune top 500, може да остане во странство најмногу три години.

Ако не ги исполни обврските, ќе мора да ги врати средствата во рок од две години. МОН ја започна и соработката со дипломирани студенти за развој и промоција на државата.

Конкурсите за стипендии за студии во странство можат да се најдат на следниве линкови: за додипломски студии, за постдипломски студии, за докторски студии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons