МНР со вонреден апел до македонските државјани: Напуштете ја оваа држава веднаш!
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги повикува сите македонски државјани кои се наоѓаат во Сирија да ја напуштат земјата во прва можна прилика. Исто така се апелира и да се одложат сите патувања кон таа држава.
„Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија“, се вели во соопштението на MНР.
Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на македонските државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 или меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk.