Актуелно

Младите се коцкаат за забава и адреналин, но и за да заработат пари 

Дури 71 отсто младите под 25 години опфатени во истражувњето на Здружението ХОПС играат игри на среќа, а 17,8 проценти од нив изјавиле дека се зависни од играње. Дури 50 отсто од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден.

Дури 71 отсто младите под 25 години опфатени во истражувњето на Здружението ХОПС играат игри на среќа, а 17,8 проценти од нив изјавиле дека се зависни од играње. Дури 50 отсто од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден.

Очигледно е дека бројот на млади луѓе кои играат игри на среќа во Република Северна Македонија е прилично голем. Дури 71% од 214 учесници во онлајн истражувањето се изјасниле дека играле игри на среќа, а 17,8% од нив рекле дека се зависни од играње. Дури 50% од испитаниците од фокус групата играат игри на среќа секој ден. Ова укажува на голема веројатност дека значаен процент од младите во Република Северна Македонија веќе стекнале зависност од играње игри на среќа – беше споделено на настанот.

Врз основа на наодите од анализата на правната рамка за игрите на среќа во Македонија и на разговорот со учесниците од фокус групата и истражувањето направено онлајн со 214 лица помлади од 25 години кои играат игри на среќа, утврдени се неколку препораки.

Во постоечкиот закон за игри на среќа да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за информирање на играчите за опасноста од стекнување зависност од играње игри на среќа, како и за тоа каде можат да побараат помош во случај на зависност од играње игри на среќа. Вакви мерки веќе се употребуваат во соседна Србија, за разлика од Македонија и Косово.

Се препорачува да се предвидат обврски за сите приредувачи на игри на среќа за плаќање данок за финансирање на програми за превенција на зависности, како и на програми за лекување на зависности од игри на среќа. Потоа, да се направат промени во правната регулатива со која на јасен начин ќе се утврди обврската на приредувачите на игри на среќа да ги едуцираат своите вработени за препознавање на зависност кај играчите на нивните игри и споделување информации за можностите за лекување на зависноста и да се спроведе информативна кампања за опасностите од зависноста од игрите на среќа кај малолетници и лица помлади од 25 години.

Министерството за здравство да отвори програми за лекување на зависност од коцкање, Министерството за образование да воведе соодветна програма за превенција на зависности во наставната програма во основните и средните училишта, да се воведат построги санкции за непочитувањето на одредбите од Законот, особено на оние со кои се забранува учество на малолетни лица во игри на среќа и забрана за послужување алкохол на малолетници и да се обезбеди построга примена на овие одредби. Да се забрани секаква форма на рекламирање на обложување во печатени и во електронски медиуми (по примерот на забраната за рекламирање цигари) – рекоа на денешната прес-конференција.

Истражувањето било направено во рамки на регионалниот проект „Младите и коцкањето”, што го спроведува ХОПС- Опции за здрав живот Скопје во партнерство со Лабиринт од Косово и Превент од Србија, а со поддршка на Western Balkans Fund.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons