Актуелно

Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата

„Почитувани претставници на медиумите,
 
Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно.
 
Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух.
 
Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе.
 
Колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна, тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица, така што за мене претставува чест и благодарност до сопственикот на објектот, овде за денеска што ме покани да свечено го отвориме овој објект.
 
Благодарам и до градоначалникот на Општина Илинден којшто како институција застана целосно позади реализацијата на оваа инвестиција и се разбира уште многу инвестиции да се множат во периодот којшто следи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons