Мицкоски: Клучката кај Момин поток е еден од врвните приоритети, затоа на 19 октомври да гласаме за број 9 за решавање на проблемите на граѓаните на Скопје
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на северо-западна Македонија одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кога се очекува да биде готова клучката кај Момин поток, рече дека најпрво мора да се победи на изборите, да влезат во администрацијата за да можеме побргу да ги надминеме сите овие предизвици со кои се соочува Град Скопје и ги повика скопјани на 19 октомври да гласаат за број 9 за Орце Ѓоргиевски.

„ Па треба да влеземе прво во Град Скопје, од оние информации кои ги имаме добиено а се алармантни таму има многу работи кои треба да се решат пред се должничко доверителски односи, така што ајде да влеземе прво во Градот Скопје, затоа јас ценам и ги замолувам граѓаните да излезат масовно уште на 19 октомври, Орце Ѓорѓиевски да биде идниот градоначалник и да можеме што побргу да влеземе во администрацијата за да можеме побргу да ги надминеме сите овие предизвици со коишто ќе се соочиме“ нагласи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ