Актуелно

Мицкоски: Започна со работа фабриката за производство на опрема за спортови на вода и ветер, „Брејнчајлд“ во Битола

„Претставници на медиумите добар ден и добредојдовте,

На овој убав настан и би рекол на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто секогаш тоа што ќе се гради има зa цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола па и во целата држава. За мене претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам  со тие кои што нормално го градат. Денеска имаме приватна иницијатива, која што на почетокот на оваа влада започна со процесот на реализирање на оваа инвестиција. Еве, денеска сите сме сведоци, а и слушнавте од сопственикот на овој објект дека станува збор за една ретка инвестиција, за производи коишто кај нас не така често се користат, но во светот и те како се користат во делот на спортовите на вода.

Така што нас како Влада ни преставуваше особна чест и задоволство да можеме да подржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да подржуваме инвестиции коишто ќе бидат додадена вредност во македонската економија.

Јас му честитам на сопственикот за одлуката и во оној неврзан дел од разговорот самиот призна дека минувајќи ги годините овдека во Битола како полека да се случува и кај него чувството, да се вљубува во Битола и во нашата земја, така што ние сме биле познати во историјата како добри домаќини, битолчани се познати како добри домаќини, така се надевам и во периодот кој што следи ќе продолжиме и со реализирање и на други инвестиции.

Му благодарам и на градоначалникот и општинската администрација коишто помогнаа да на брза трака се реализира оваа инвестиција. Благодарам и на пратениците и на сите оние коишто имаат било каков удел во реализирањето на оваа инвестиција. Можам да кажам дека работиме уште на најмалку две заинтересирани инвестиции коишто би се изградиле во периодот којшто следи овде во Битола, но ајде да ги завршиме прво и тие да ги објавиме кога ќе се потпишуваат договорите за поддршка во рамките на Владата.

Така што еве уште еднаш од мене честитки, посакувам уште многу вакви моменти да ни се случуваат.
Благодарам.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons