Актуелно

Мицкоски: Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ Блаже Конески во Општина Аеродром

„И од мене честитки. Навистина делува импресивно, овие се проекти коишто носат додадена вредност во општините, во средините. Знаете дека овде сериозен беше проблемот со образовни услови за децата, се надевам дека со изградбата на ова училиште тој проблем ќе се надмине. Јас сум убеден дека ваков тип на проекти ќе продолжиме и во годините коишто следат да ги реализираме, бидејќи децата се најважната работа, децата се тие кои ја продолжуваат нацијата, ја продолжуваат државата и државноста на Македонија и ние како Влада ќе направиме се што е во наша моќ да обезбедиме услови коишто ќе бидат достојни за следење на наставата и стекнување на знаење.
 
Така што уште еднаш честитки до градоначалникот, до вработените во ова училиште, до директорката, до претходниот градоначалник сега министер, до советниците, до администрацијата во Општина Аеродром и Министерството за образование буквално до сите оние коишто се вклучени во овие проекти и како Влада, јас можам да кажам дека ќе продолжиме да реализираме вакви проекти онаму каде што тоа е потребно, а убеден сум дека како ќе минуваат годините ваков тип на проекти ќе бидат потребни поради новите политики на оваа Влада, а тоа е семејната политика сето она коешто претставува семејна вредност.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons