Актуелно

Мицкоски: Добивме јасен и недвосмислен одговор од британската дипломатија, лагите на СДС се распрснаа како меур од сапуница, договор за мигранти не постоел и не постои

Во изминатите месеци јавноста беше изложена на една упорна и агресивна кампања дека државата наводно тајно договара прифаќање мигранти од Обединетото Кралство.

Се ширеше теза дека зад стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство постои наводен „таен договор“.

Упорно и без трошка свест, нималку совест, се создаваше впечаток дека Владата нешто крие од граѓаните.

Се ширеше страв дека земјата ќе станела камп за мигранти.

Оваа теза се повторуваше од ден на ден.

Се повторуваше на прес-конференции.

Се повторуваше во изјави.

Се повторуваше како да е факт. Дури и протестинајавува.

Вчера добивме јасен и недвосмислен одговор.

Од британската дипломатија, директно, право во чело.

Јавно и недвосмислено Британскиот амбасадоркажа: таков договор не постои и никогаш не постоел.

Нема договор.

Нема преговори.

Нема центри за мигранти.

Фактите се јасни.

Со ова паѓа целата конструкција што со месеци се обидуваше да се наметне во јавноста.

Со месеци се пласираше приказна без ниту еден документ.

Без ниту еден доказ.

Без ниту една официјална потврда.

Имаше само шпекулации.

Имаше само сензационализам.

И имаше политичка желба да се создаде паника кај граѓаните.

Денес, кога вистината е јасна и кога демантот дојде, станува очигледно дека јавноста била изложена на една безобразна политичка конструкција во низа.

НО ПРОБЛЕМОТ Е МНОГУ ПОГОЛЕМ ОД ОВАА КОНКРЕТНА ТЕМА!

Ова не е изолиран случај.

ОВА Е ЕДЕН ДЛАБОКО ДЕСТРУКТИВЕН И ПОТЕНЦИЈАЛНО ОПАСЕН МОДЕЛ НА ОДНЕСУВАЊЕ НА СДСМ.

Гледаме една иста шема која се повторува.

ПРВО СЕ ФАБРИКУВА СЕНЗАЦИОНАЛНА ПРИКАЗНА.

ПОТОА СЕ СОЗДАВА МЕДИУМСКА ПАНИКА.

А КОГА ФАКТИТЕ ЌЕ ЈА РАЗОБЛИЧАТ ПРИКАЗНАТА, ТЕМАТА ЕДНОСТАВНО ИСЧЕЗНУВА.

Нема извинување.

Нема одговорност.

Само премин на следната конструкција.

Го видовме тоа и во други случаи.

Го видовме кога се создаваше паника дека институциите наводно молчат за запленетата дрога во Србија.

Се зборуваше за заташкување и скандал уште пред да се утврдат фактите.

Потоа се покажа дека институциите работеле на случајот од самиот почеток и се конфискуваа десетици тони канабис од фирми коишто своето право на водење бизнис, но и лиценци за водење бизнис ги добиле во времето на владата на СДСМ и ДУИ, времето кога се водеше таканаречена канабис политика. 

Го видовме и кога се пласираа апокалиптични бројки за пожарите и се тврдеше дека државата е уништена.

Се ширеше впечаток дека Македонија е во катастрофална состојба.

Потоа се покажа дека бројките се далеку поинакви.

Го видовме и кога се тврдеше дека нема средства за пензии и дека Владата не обезбедила финансии за да ја заврши буџетската 2025 година, но и тука повторно ја манипулираа јавноста и видоа дека таа не само што се заврши, туку се заврши како економија која што е една од најуспешните пет во Европа за 2025-тата година.

СДСМ Е УПОРНА ВО СВОЈОТ ДЕСТРУКТИВЕН МОДЕЛ ДА ЈА КИДНАПИРА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА СЕ СПАСИ СЕБЕ СИ.

СДСМ ДЕНЕС Е ПРЕТВОРЕНА ВО ЕДНА БЛЕДА КОПИЈА И ФАБРИКА ЗА СОЗДАВАЊЕ ПОЛИТИЧКА ПАНИКА И ХИСТЕРИЈА.

И знам дека нема да се извинат, знам дека ќе продолжат по старо, и на мене ми е најлесно да ја терам наполеоновата позиција која вели „никогаш не го прекинувај противникот кога греши“, но на нас ни е потребна сериозна и силна опозиција, а не оваа приватизирана, бизнис олигархискаопозиција со проблеми со моралот и држење до зборот.

За жал, ова се истите тие кои со години ги лажеа граѓаните со редици лаги, лажни ветувања, да не се навраќаме на Гугл и Фејсбук дека ќе отворале центри во земјава, па жицата македонска им свирела и името немаше да го менуваат, па аеро ќе носеа во Аеродром, па ќе ја неселе формула 1 во Македонија, денес на пресови бројат тендери, а не кажуваат каде е криминалот зошто распишување на тендер не е криминал, но и крадење од државата какво имаше во нивно време е тежок криминал. Тоа се тие истите луѓе кои со лаги сакаат да освојат гласови и да се вратат на власт. Македонија памети и никогаш нема да им заборави.

Дозволете ми на крај да се осврнам и на нешто што вчера го видовме во јавноста.

Во пресрет на 8 март – Денот на жената, мајката, претседателката на Форумот на жени на СДСМ, одржува прес-конференција, околу нејзе опкружена со неколку млади дами коишто со црвени обоени дланки се обидуваат да не потсетат на времињата на шарената обоена револуција, но исто така и на времињата познати за еден наш сосед, односно држава од соседството. На тој начин сакаат да алудираат на трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и нејзината малолетна ќерка, и истата оваа беше искористена како повод за дневнополитички напади.
Никој нема право човечката болка и трагедијата на едно семејство да ги претвори во сцена за политички поени.

Особено не во денови кога целото општество треба да зборува за достоинство, безбедност и почит кон жените.

НАЧИНОТ НА КОЈ ФУНКЦИОНЕРИТЕ НА СДСМ ВО ПОСЛЕДНИОТ ПЕРИОД НАСТАПУВААТ ВО ЈАВНОСТА СÈ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА ЗАТВОРЕН КРУГ КОЈ ПОСТОЈАНО ГИ ПОВТОРУВА ИСТИТЕ КОНСТРУКЦИИ, ИСТИТЕ НАПАДИ И ИСТИТЕ НАРАТИВИ.

КОГА ЕДНА ПОЛИТИЧКА СТРУКТУРА ПОЧНУВА ДА ФУНКЦИОНИРА КАКО ТАКОВ ЗАТВОРЕН СИСТЕМ КОЈ ЖИВЕЕ ОД СОПСТВЕНИТЕ КОНСТРУКЦИИ И ПОСТОЈАНО ГИ РЕПРОДУЦИРА ИСТИТЕ ПРИКАЗНИ, ТОГАШ СТАНУВА ЈАСНО ДЕКА ПРОБЛЕМОТ ОДАМНА НЕ Е САМО ПОЛИТИЧКИ.

СЕРИОЗНО СМЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА СОСТОЈБАТА ВО КОЈА ОЧИГЛЕДНО СЕ НАОЃА ВРВОТ НА СДСМ.

Наместо аргументи, гледаме нервоза.

Наместо политика, гледаме паника.

Наместо одговорност, гледаме очајнички обиди трагедиите да се претворат во политичка платформа.

СТРАВОТ ОД ПОЛИТИЧКАТА РЕАЛНОСТ И ОДГОВОРНОСТ ЗА СОСТОЈБИТЕ КОИ ГИ ОСТАВИЈА ЗАД СЕБЕ ОЧИГЛЕДНО ГИ ТУРКА ВО СОСТОЈБА НА ЗАБЕГАНОСТ, ПОРАДИ ШТО СÈ ПОЧЕСТО СЕ ДВИЖАТ НИЗ ТЕМНИТЕ ХОДНИЦИ НА СОПСТВЕНИТЕ ПОЛИТИЧКИ И ПСИХОЛОШКИ ТРАУМИ.

На самиот крај, свесен за сериозноста на предизвиците, сакам да истакнам дека живееме во несигурни, турбуленти, тешки, предизвикувачки, можеби историски времиња.

Сакам да им се заблагодарам на граѓаните што ја даваат поддршката, да им се заблагодарам на граѓаните што ги одбиваат овие хистерични обиди да се создаде паника од страна на опозициската СДСМ и што заедно со Владата и институциите допридонесуваат кон една стабилна и подобра Македонија. 

СВЕТОТ Е ВЛЕЗЕН ВО ПЕРИОД НА НОВИ КОНФЛИКТИ И ГЕОПОЛИТИЧКИ ТУРБУЛЕНЦИИ.

Енергетските пазари се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. 

Економиите се под жесток притисок.

Стабилноста на многу држави е на тест.

Во вакви времиња државите мора да бидат внимателни.

Мора да бидат сериозни.

И мора да бидат одговорни.

НО ВО ВАКВИ ВРЕМИЊА НАЈМАЛКУ ШТО Ѝ ТРЕБА НА МАКЕДОНИЈА Е ПОЛИТИЧКАТА ПАНИКА.

И ТОКМУ ТОА ГО ГЛЕДАМЕ ОД СДСМ.

ШИРЕЊЕ СТРАВ.

ФАБРИКУВАЊЕ СО ЛАЖНИ ПРИКАЗНИ.

СОЗДАВАЊЕ ПОЛИТИЧКА ХИСТЕРИЈА.

ОДНЕСУВАЊЕ КОЕ СÈ ПОВЕЌЕ НАЛИКУВА НА ЗАТВОРЕН КРУГ ШТО ПОСТОЈАНО ГИ ПОВТОРУВА ИСТИТЕ КОНСТРУКЦИИ.

ТОА Е ИСТОТО ОДНЕСУВАЊЕ КОЕ ГИ ДОВЕДЕ ДО ИСТОРИСКИ ПАД НА ОКОЛУ 100 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ.

Како влада кога од опозицијата манипулираат деноноќно сме посветени на две работи. Прво, анализа и чекори за кризата која доаѓа предизвикана од светските случувања на Блискиот Исток, но и пошироко. Владата нема да дозволи работите сериозно да се влошат и ќе реагираме. Мојата цел е да имаме најевтини енергенси коишто се точат во регионот, и покрај реалноста која кажува дека мора да има поскапување. Погледнете ги цените во соседните држави, за 40, 50, 60% се повисоки од тие коишто денеска ги имаат македонските граѓани. И тоа нема никогаш да излезе од опозицијата и да го признае никој од таму, а беа истите тие коишто не успеаја да обезбедат вакцини за македонските граѓани, па тогаш во време на најголемата криза, ковид кризата, македонските граѓани мораа да одат во соседството да се вакцинираат, или пак да правиме естрада и шоу на граница, кога добиваме донација од скромни пет илјади вакцини. А денеска нема никој да каже дека споредено со тие земји од регионот, за 50, 60 денари по литар имаме пониска цена на енергенсите.  Но ќе се борам и понатаму, нашите граѓани да плаќаат помалку од сите останати во регионот. Токму и тоа беше целта на средбата со преставниците од нафтената индустрија.

Втората тема која што е многу важна е економијата. Мојата борба е да донесеме свеж капитал. И кога доаѓа моментот кој треба да направи разлика меѓу нас и нив од СДСМ и ДУИ, е фактот што со огромно задоволство најавувам дека инвестициите коишто или се почнати, или се реализираат или се во фаза на договарање на државна помош, а се дел од портфолиото на ТИРЗзоните изнесуваат околу нови 650 милиони евра, тоа се 17 инвестиции коишто треба да креираат до 5.000 нови работни места. Ете тоа е нашата борба.

Би сакал тука и да напоменам дека годината 2025, македонската економија ја заврши со реален раст од 3,5%, и согласно податоците коишто ги објавува Еуростат, иако свесен дека повторно ќе наидам на потсмев од страна на ботовите на опозицијата, се наоѓа во првите пет во Европа, веднаш позади Ирска, Малта, Кипар и Полска, а пред сите останати економии во регионот. На пример, нашиот северен сосед е околу 2% раст, реален раст, а нашиот е 3,5%, 75% повеќе. Номиналниот раст на македонската економија е над 8%, 8,2%, што претставува историски највисок раст во година во која што не излегуваме или не влегуваме во нови предизвици. И тоа е континуитет на оној раст, реален од 2024 година кога имавме 3% за следната година, очекуваме буџетски дефицит којшто ќе биде помал од 3,5% и реален раст на економијата којшто ќе не доближи до 4%. 

Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и онаа влада која што ја водеше СДСМ. Во 28 квартали, влада СДСМ – ДУИ, имаме реален раст на македонската економија од скромни 2%. Во првите шест квартали од нивното именување, односно избор како влада, па и ако кажам именување нема да погрешам бидејќи знаете како беа октруирани, тогаш како влада  после оној политички инженеринг којшто се случуваше во 2017 година. Во првите шест квартали имаа раст од 2%, во првите шест квартали од оваа власт, просечниот раст на македонската економија, рален раст е 3,5%, скоро два пати повеќе. Тоа се бројки, тоа е разлика која што ја прави ова Влада многу поразлична од владата на СДСМ и ДУИ. Тоа е разликата меѓу нас, додека тие лажат, шират паника и пробуваат да ги злоупотребат чувствата на луѓето и играат на создавање емоции, ние работиме и се трудиме колку можеме да направиме да биде подобро за нашите сограѓани.

На крај, дозволете ми да го честитам 8 Март – Денот на жената на сите жени во Македонија, со искрена почит за нивната сила, посветеност и незаменлива улога во семејството, општеството и државата.

Ви благодарам.


Линк од видео материјал
https://youtu.be/iq3BpTfMqUo

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons