Мириса на пролет – Денеска утринска магла, потоа сонце и високи температури
Наутро по котлините со услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.