Минусни температури и снег утрово низ Македонија, се најавува силен ветер со 60 км/ч
Од Управата за хидометеролошки работи (УХМР) предупредуваат дека денеска низ земјава ќе дува силен ветер, некаде и до 60 километри на час.
Утрово најстудено беше на Попова Шапка, каде што беа измерени -8 степени. Во Крушево и Маврово беа измерени -4, а -1 во Берово. Најтопло беше во Гевгелија каде беа измрени 6 стпеени.
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид и Маврово, 9 литри на метар квадратен. Во Крушево има шест сантиметри снег.
Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег.