МагазинНајново

Минус 13 степени за почеток на годината – еве какво време нè очекува!

Новата година започнува со вистинска зимска атмосфера. Утрово во земјава е ведро и многу студено, со температури кои на некои места се спуштаат и до минус 13 степени.

Во текот на денот времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се движат од минус 1 до 6 степени.

Во Скопје утрото е студено, со минимална температура до минус 8 степени, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерен јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 3 степени.

Следува променливо време, со снег на планините

Во наредните денови времето ќе остане студено. Во петок се очекува променливо облачно време со минимални температури под нулата насекаде низ земјата. Во западните делови ќе има повремени врнежи од снег.

Потоа следува период на постепено затоплување, со променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите постепено ќе бидат во пораст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons