Спорт

Милевски: Впечатоците од Анталија се позитивни, видов нова енергија и желба за докажување 

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски во Анталија ги следеше контролните натпревари на клубовите од МФЛ кои своите подготовки за претстојната полусезона ги одработуваа во турскиот туристички центар.

Нашиот селектор заедно со техничкиот менаџер во А селекцијата ги следеше натпреварите на Вардар против грузискиот првак Иберија и унгарски Чаквари, мечевите на Шкендија против Јелимај (Казахстан) и Зорја (Украина), потоа Шкупи против Полонија (Полска) и Септември Софија (Бугарија), контролните натпревари на Струга Трим Љум против Кизилзар (Казахстан) и словачки Михаловце и пресметката на Силекс против Пахтакор (Узбекистан). Покрај тоа, Милевски го следеше и настапот на нашите интернационалци од Борац Бања Лука, Дамјан Шишковски, Бобан Николов и Себастијан Ерара против Кајрат.

„Впечатоците од натпреварите на македонските екипи во Анталија се навистина позитивни. Помалку изненадувачки, но очигледна беше разликата во ритамот на фудбалерите на овие натпревари кои ги следевме, во однос на домашното првенство. Видовме нова енергија, тимски дух, добар ритам и желба за докажување. Се надевам дека тоа ќе го пренесат и на натпреварите од МФЛ. Тоа е нешто што се бара во модерниот фудбал и е неопходно за добар резултат. Ова беа натпревари без резултатско значење, но сепак даваат одредена слика за квалитетот на екипите и индивидуалните карактеристики на фудбалерите. Продолжуваме да ги следиме сите фудбалери кои сметаме дека имаат репрезентативен потенцијал, а нивните настапи се клучни во однос на изборот за место во најдобрата репрезентација“, изјави Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons