Меџити: Груби е во Албанија, денеска, утре или задутре ќе се соочи со правдата
Првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за албанските медиуми говореше за црната листа на САД и за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тој во својот одговор даде други детали каде е неговиот поранашен сопартиец Груби.
„Се работи според законот. Но, според информациите, тој не е во Косово, туку е во Албанија. Но ова не е многу важно, со неговото бегство тој ја докажа својата вина и затоа побегна од земјата. Тој самиот знае за правните прекршоци што ги направил, но мислам дека денеска, утре или задутре сепак ќе се соочи со правдата“, рече Меџити.
p