МВР поднесе прекршочна пријава против едно лице: Фрлало со предмети по бугарскиот клуб во Охрид
СВР Охрид соопшти дека на протестот одржан денеска во Охрид, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир.
Полициските службеници евидентираа едно лице кое на јавно место, кон одредена група граѓани фрли со предмет“, се вели во соопштението.Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава по член 5 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.