МВР: Извршител му побарал 80.758 денари за брзи кредити што не ги подигнал
На Скопјанец му дошло извршно решение да плати 80.758 денари за невратени брзи кредити што не ги побарал, објави МВР.
„На 26.06.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, 23-годишен маж од Скопје пријави дека непознато лице ги злоупотребило неговите лични податоци и во негово име во текот на 2021 година подигнало два кредити од финансиско друштво.
На 24.06.2025 на домашна адреса му стигнало писмо од извршител за неплатен долг во износ од 80.758 денари, при што сфатил дека била извршена измама“, објави полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.