Маскирани лица го претепале претседателот на ФФМ
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини бил претепан од неколку маскирани во ресторанот Балканика Рустикана во Скопје, дознава Алсат.
Веста ја потврди и портпаролот на Федерацијата, кој нагласи дека „напуштајќи го ресторанот после работен состанок, непознати лица ги нападнале претседателот и неговиот придружник“.
Причината и состојбата на Сејдини се уште не се познати.