Манасиевски: СДС кандидира силеџии и деликвенти за градоначалници, чист пример за тоа е тепачот Митовски од Крива Паланка
СДС кандидира силеџии и деликвенти за градоначалници, чист пример за тоа е тепачот Митовски од Крива Паланка.
Градоначалникот тепач Сашко Митовски, кој глуми некаква жртва во јавноста, всушност е човек кој има добиено кривични пријави за злоупотреба на службена положба, една за не вршење на должен надзор и една за бесправно поставување на урбана опрема. А да не заборавиме дека е осуден и за тепање на полициски службеник под дејство на алкохол.
Ваков човек како Митовски не смее да биде градоначалник. Тепачот Митовски бил навикнат во власт на СДС дека може да прави се што сака, бидејќи законот не важел за него. Но, мораме да го разочараме затоа што веќе како до сега, нема.
За секое кршење на закон за кое ќе се утврди вина, мора да има одговорност. Мора да запре времето на градоначалници кои ги тепаат своите сограѓани и утредента негираат и продолжуваат како ништо да не било. Не може да се крши закон, да не се врши должен надзор, бесправно да се става урбана опрема на угостителски објект на свој брат. Едноставно ова мора да запре.
СДС и Митовски мислат дека доколку се на функција се заштитени и можат да прават што сакаат.
СДС и Митовски не се навикнати на одговорност и затоа сега се бунтуваат и глумат жртви.
Уште еднаш, го повикуваме ЈО да постапи бидејќи секој еден мора да биде еднаков пред законот!
Линк од видео материјал:
https://youtu.be/9g07vTvsdrI
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ