МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Само специјалниот бугарски пратеник Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ


Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Само специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче слепо му верува на Румен Радев кога вели дека уставните измени се последната препрека за влез на Македонија во ЕУ.

На сите им е јасно, па дури и на птиците, дека уставните измени за внесување на Бугарите во уставот е само првиот од многуте чекори кои бугарските власти ги имаат кон нас, а се однесуваат на македонскиот јазик, историја, култура и идентитет.

И ова не го говориме ние како ВМРО-ДПМНЕ, туку тоа го говори сегашниот премиер на Бугарија.

Во видео од 2019 година, кое е повторно актуелно на социјалните мрежи, Румен Радев како тогашен претседател на Бугарија, пред голем аудиториум на конференција во Русија на којшто присуствува и Владимир Путин, говори за македонската историја, но во бугарски контекст.

Румен Радев во своето обраќање говори дека Гоце Делчев е Бугарин и дека писменоста дошла од Бугарија, а не од Македонија, додека од македонските власти во тоа време предводени од Зоран Заев и Венко Филипче немаше никаква осуда за конкретниот говор на Румен Радев.

Со ова, јасно се докажува дека на Бугарија и Румен Радев не им е само до внесување на 2-3 илјади луѓе во Уставот на Македонија кои се чувствуваат како Бугари, напротив тие сакаат комплетно да ја редефинираат македонската историја, македонскиот јазик, култура и идентитет.

Или попластично објаснето, доколку Филипче дојде на власт би им дозволил на Бугарите без задршка – Гоце Делчев, Јане Сандански, Питу Гули, Даме Груев да бидат Бугари кои се бореле за бугарската држава, Кирил и Методиј да бидат Бугари кои ги описмениле словенските народи, секако по ова македонскиот јазик би бил од 1945 година па наваму, исто како и македонскиот идентитет дека е од по втората светска војна, а се пред тоа било бугарско.

Почитувани граѓани, Венко Филипче и СДС за власт, за амнестија од криминалите, за да можат да ја крадат државата и за моќ, за само еден ден би ја продале државата и око нема да им трепне.

ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи заедно со граѓаните кои ја ценат и поддржуваат нашата достоинствена политика која носи добробит на македонскиот народ.


Линк од видео материјал: 
https://www.youtube.com/watch?v=pChEWqm5_TM

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons