Манасиевски: Најголемите криминали во здравството се случија во времето на Филипче
Криминалите во здравството не би можеле да се случат без Филипче.
Во периодот кога на пациентите им биле давани физиолошки раствори, наместо онколошки терапии, Филипче беше министер за здравство. Кога изгореа 14 луѓе во Модуларната боница, Филипче беше министер за здравство. Кога сакаше да ќари газда Венко од тендери со блиска негова веледрогерија и да купи вакцини по двојно повисока цена од фантом фирма, Филипче беше министер за здравство.
Најголемите скандали, корупции и криминали во историјата на здравството се случија во мандатот на Филипче.
Затоа, Филипче треба да одговори, дали тој стои позади овој случај во Онкологија каде што од Буџетот на државата биле исцедени 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра?
Дали можеби од овие украдени пари од Буџетот директно на грбот на граѓаните и маката на пациентите на Онкологија, Филипче си купил акции во индиска авиокомпанија и вложил во бизнис за градежништво, каде што во Дубаи заедно со Заев градат 50катница? Дали со овие пари Филипче ја добил златната виза.
Филипче продолжува да молчи, а тоа делува како да нема став за овие прашања.
Филипче треба да се соочи со вистината и доколку ова што го прашуваме не е вистина, може слободно да не демантира, меѓутоа тој тоа не го прави. Дали се крие нешто позади сиве овие случаи, само Филипче и судството знаат.
Меѓудругото, повторно апелираме до ОЈО да не го затвора овој случај, туку да ја истражи улогата на Филипче во истиот.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ