Манасиевски: Една година енергетика со ВМРО-ДПМНЕ – Од слепо црево, Македонија ќе биде транзитен центар за гас кон Средна Европа, од нето увозник на струја, ќе бидеме нето извозник
По 7 години крадење и злоупотреби во енергетиката, имаме една година на работа, развој и напредок.
По 7 години застој, Македонија почнува да се поврзува со гасен интерконектор со Грција и Србија.
Од слепо црево на полето на транзит на гас на Балканот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја претвора Македонија во транзитен центар за гас.
Преку гасниот интерконектор со Грција, гас од ТАП и Терминалот во Александропулис преку Македонија ќе оди кон Србија и Средна Европа.
Со можност за транзит и до 3 милијарди нормални метри кубни гас, во правец југ – север, Македонија ќе ја гарантира енергетската диверзификација на регионот и ќе ја зголеми употребата на американски, азербејџански и друг гас од не руско производство.
Владата го зголеми концесискиот надомест за рудниците. Два ипол пати повеќе пари завршуваат во државниот буџет сега од пред една година.
Донесен е нов закон за енергетика, кој гарантира стабилност и развој по светски стандарди.
Со Законот за енергетика се утврди. Фотоволтаичните централи да мора да обезбедат батериски систем за складирање на електрична енергија, со цел гарантирање на стабилност на системот.
Инсталиран е нов 400кв трансформатор во Битола 2, со што се гарантира енергетската стабилност на југозападниот регион на Македонија.
Почитувани, една година ја движиме Македонија напред на енергетско поле. Една година Македонија реди победи.
Следуваат години на раст и развој на енергијата.
Следува реализација на огромни проекти за производство на струја. Македонија од струјно увозно зависна држава, ќе стане држава нето извозник.
Најдоброто допрва доаѓа. Ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=FpbBBoq_OeE
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ