МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со народни трибини низ целата држава, вечер во Прилеп, ги градиме темелите на Македонија, твоето време доаѓа 

Почитувани претставници на медиумите,

По една година од преземањето на одговорноста за водење на владата, ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски започнуваат голема акција на јавна отчетност и отворена комуникација со граѓаните – трибини низ цела Македонија под слоганот:

„Ги градиме темелите на промените – доаѓа времето на Македонија“.

Оваа иницијатива е израз на нашата определба за транспарентно, одговорно и отчетно работење. Граѓаните имаат право не само да слушнат, туку и да прашаат, да кажат, да предложат свои сугестии, идеи и критики со кои ние ќе станеме подобри и пофункционални. Затоа овие трибини ќе бидат можност да секој еден да учествува, да дискутира и да придонесе.

Министрите, премиерот и владиниот тим ќе бидат присутни на трибините. Ќе презентираме што сработивме, што започнавме, со што се соочивме и што следува. Ќе зборуваме за проектите, за реформите, за чекорите напред. Но и ќе слушаме. Ќе слушаме од народот, затоа што нашата политика се темели на гласот и интересот на граѓаните.

Годинава што помина ја посветивме на стабилизирање на државата. Затекнавме хаос, безредие, разрушени темели.

Не почнуваме од нула, туку од минус. И повторно градиме темели на промени.

Одново поставуваме столбови и ги засилуваме носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени, рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за секој еден човек.  Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме, заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на просперитет, ред, развој, почит, човечност и вредности. Земја со која се гордееме.

Сакаме да соопштиме дека првата трибина ќе се одржи денес во Прилеп  на градскиот плоштад во 19:30ч, насловена како „Економски раст и дигитална трансформација’’, а потоа следуваат трибини низ сите краишта на Македонија – во градови и села, со сите луѓе кои ја сакаат оваа земја и веруваат дека може подобро.

На првата трибина ќе се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и Гордана Димитриеска Кочоска – министерка за финансии, Елена Петрова – директорка на Управата за јавни приходи, Стефан Андоновски – министер за дигитална трансформација и Бојан Стојаноски – пратеник во македонското Собрание. 


Ова не е само отчет – ова е повик.

Повик за заедничка работа.

Повик за обнова.

Повик за иднина.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

И тоа време започнува – сега.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=BZhKljxsPk4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons