МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: (ВИДЕО) Трендафилов призна дека СДС и Левица стојат позади протестите на ССМ

Трендафилов призна дека СДС и Левица стојат позади протестите на ССМ. 

Во гостување на една од македонските телевизии, на Слободан Трендафилов му се промакна изјава којашто по се изгледа не требаше да ја каже во јавноста, дека како што вели тој – сите се здружиле токму против оваа влада.

Ве замолувам да го проследиме видеото. 

Почитувани граѓани, 

Оваа изјава која му излета на Слободан Трендафилов,  докажа дека зад протестите на ССМ стојат СДС и Левица. Во минатото, ваква изјаваСлободан Трендафилов никогаш нема дадено. 

Трендафилов ќе направи се што може по насока на СДС и на Левица за работниците да не добијат покачување на платите. Но, нека му служи на чест. 

Покачувањето во јавната администрација од 40% не е понуда која е од вчера, туку од минатата година. Но, Трендафилов затоа што шурува со СДС и Левица, не прифаќа нов колективен договор со којшто минималното зголемување ќе биде, повторувам минималното зголемување во април оваа година ќе биде 3580 денари, додекапак просечното зголемување ќе биде над 6000 денари или како што вели ССМ над 100 евра. 

Но тоа што СДС ја покраде државата и остави прашина во државната каса, на СлободанТрендафилов и на ССМ не им пречеше, не се жалеа и не бараа повисоки плати. Затоа и велиме дека кога ја наследивме власта ние не почнавме од нула, туку од голем минус. 

ВМРО-ДПМНЕ не ветуваше чуда, туку работа и дела. Како што ги зголемивме платите во образованието, во здравството, во полицијата, во Министерството за одбрана, во социјалата и други, така ќе ги зголемиме платите и во администрацијата. Дополнително на ова, ќе помагаме и на бизнисот за да може и тој да ги зголеми платите во приватниот сектор.

Почитувани граѓани, почитувани работници,

Никој не вели дека е лесно и дека цветаат рози, никој не вели дека тече мед и млеко по улиците, ниту пак дека гледаме низ розеви наочари. Но, вистината мора да се знае. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се во рамките на своите можности за да го подигне стандардот на граѓаните.

Линк од видео материјал:https://youtu.be/Pkse6bpMuw4

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons