МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа 

Братот на Венко Филипче, додека СДС беше власт, заедно со Вице Заев направи фотоволтаична централа.

Братот на Венко Филипче, Никола Филипче заедно со Вице Заев си отвориле заедничка фирма и си купиле земјиште во Дојран од 23 илјади м2, на кое што за рекордно брзо време, добиле дозволи и си завршиле процедури и си изградиле фотонапонска централа.

Никола Филипче и Вице Заев, користејќи ја моќта на нивните браќа, тогашен премиер и министер за здравство, по рекордно брзо време добиваат согласност од Министерството за транспорт и врски, и по само еден месец, во координација со градоначалникот на Дојран и Советот на Општината, се прави измена во ДУП-от и фирмата си поставува соларни панели на земјиштето. 

Според проценките кои што ги имаме, Филипче и Заев би произведувале околу 2000 мегават часови електрична енергија годишно, би заработувале околу 10 илјади евра месечно или 120 илјади евра годишно. 

Браќата на Венко Филипче и Зоран Заев, месечно на своето конто ќе додадат плус 25 минимални плати или 300 минимални плати годишно. 

Почитувани, 

Затоа Венко Филипче сака да дојде на власт. За да може да ги продолжи семејните бизнис интереси кои им носат милионски суми на годишно ниво.

Венко Филипче сака да биде власт, за повторно како порано, по рекордно време, да вади дозволи и да одобрува процедури. Филипче сака да си игра со државата и со народот, за да си ги задоволи своите потреби. 

Филипче е во политиката само за да си ги задоволи своите апетити, а не да мисли на граѓаните. Филипче е завршена приказна за политичката сцена. Филипче повеќе нема кредибилитет. Венко Филипче треба да си поднесе оставка.

Ви благодарам.

Линк од видео материјал:

https://www.youtube.com/watch?v=Vt5IsVFR6uA 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons