МакедонијаНајново

Македонци биле апсени во Вараждин поради знамето од Кутлеш, плаќале и глоба од по 173 евра (ФОТО) 

Натпреварот против Гвинеја беше најлесен за македонската репрезентација која ја оствари првата победа на СП триумфирајќи со 29-20, но овој меч беше тежок за повеќе наши навивачи кои се најдоа таму на трибините.

На социјалните мрежи се појави сведочење од навивач за голготата што ја поминале дел од нашите фанови. Тој вели дека тие биле апсени поради знамето од Кутлеш, плаќале по 173 евра глоба, а биле и потчинувани од хрватската полиција.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fboemot.mk%2Fposts%2Fpfbid0X6M8XV4JUFbaPQgmDfy4L3YduTpKigTDMvKDUEUNCeRrPwi52gAimdfK2f5zwrBMl&show_text=true&width=500

Ваквата промена во однесувањето на обезбедувањето и полицијата во Хрватска доаѓа на ден по соопштението од ИХФ во која тие ги криткуваа Хрватите дека не си ја вршеле работата кога се во прашање македонските навивачи.

Покрај сведоштвата на македонските навивачи, на социјалните мрежи се огласи и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски кој исто така ја истакна тортурата која ја прави обезбедувањето кон Македонците.

На ИХФ и Хрватите им пречат македонските навивачи, а без нив салата во Вараждин ќе биде празна, натпреварите ќе се играат во театарска атмосфера каква што е во другите сали.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons