Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
Поплавите и мразот во преспанскиот регион уништија дел од јаболката. Овоштарите велат дека овој регион од Македонија е на удар на невреме последните години но за среќа поголемиот дел е сочуван и може да се употреби за индустриски потреби.
Оние кои имаат помали површини на јаболка велат дека трошоците за хемиските препарати чинат многу пари, а нема добар ефект по овоштарниците.
Состојбата со извозот моментално е добра најчесто македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија,Чешка, Косово и Албанија.
Голем дел од луѓето во овој регион живеат од оваа дејност, а за многумина кои работат како административци во Ресен или се вработени во некое јавно претпријатие, ова им е дополнителна дејност.



