Македонските натпреварувачи триумфираа на ФИС Сноуборд Куп 2025
Попова Шапка беше домаќин на државното првенство во сноуборд и ФИС Сноуборд Куп 2025. Натпреварувачите од Македонија, Србија, Турција, Грција, Романија, Чешка и Индија ја покажаа својата умешност на перфектно подготвените патеки, во духот на спортот и заедништвото.
Тоа беше можност да се ужива во вистински сноуборд спектакл, исполнет со адреналин, врвни трикови и незаборавни моменти.
Настанот го организираа Скијачка федерација на Македонија, Меѓународната скијачка федерација (FIS), ски-центарот Попова Шапка и ски-клубот XMKD, со поддршка на Министерство за спорт и УНИБанка.
ДЕН 1 – 04.02.2025 година
Мажи, прва трка:
1. Александар Кацарски (Македонија)
2. Доумос Јоанис (Грција)
3. Јилдирим Мерт Дервиш (Турција)
Мажи, втора трка:
1. Јилдирим Мерт Дервиш (Турција)
2. Александар Кацарски (Македонија)
3. Зубаир Ахмад Лоне (Индија)
Жени, прва трка:
1. Анџела Џогиќ (Србија)
2. Миа Џагора (Македонија)
3.Сенгул Несибе Јагмур (Турција)
Жени, втора трка:
1. Миа Џагора (Македонија)
2. Сенгул Несибе Јагмур (Турција)
3. Анџела Џогиќ (Србија)
ДЕН 2 – 05.02.2025 година
Мажи, прва трка:
1. Александар Кацарски (Македонија)
2. Зубаир Ахмад Лоне (Индија)
3. Јилдирим Мерт Дервиш (Турција)
Мажи, втора трка:
1. Александар Кацарски (Македонија)
2. Михал Рус (Чешка)
3. Дросос Карафилиас (Грција)
Жени, прва трка:
1. Миа Џагора (Македонија)
2. Анџела Џогиќ (Србија)
3. Сенгул Несибе Јагмур (Турција)
Жени, втора трка:
1. Сенгул Несибе Јагмур (Турција)
2. Миа Џагора (Македонија)
3. Анџела Џогиќ (Србија)