Спорт

Македонските млади каратисти со 18 медали на Балканското првенство во Сараево

На овогодинешното 24. по ред Балканско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, македонска младинска карате репрезентација во првите два дена успеа да освои четири златни, четири сребрени и седум бронзени медали и со тоа од вкупно 11 репрезентации што зедоа учество на ова првенство македонската репрезентација се најде на високото четврто место од кои:

Златни медали:
1. Душица Бреслиева кумите кадети женски -54кг;
2. Андреј Стојчевски кумите кадети машки -61кг;
3. Матеј Белистојаноски кумите У21 машки -67кг
4. Љупче Михајлов кумите У21 машки -75кг.

Сребрени медали:
1. Дамјан Митревски кумите кадети машки -52кг;
2. Јован Врклевски кумите кадети машки -57кг;
3. Филип Стојанов кумите јуниори машки +76кг и
4. Данка Стојкова во дисциплината ката јуниори женски

Бронзени медали:
1. Илијана Серафимова кумите јуниори женски -53кг;
2. Кенза Фетаи кумите јуниори женски -59кг;
3. Мила Панчева кумите У21 женски -55кг;
4. Јована Мицовска кумите У21 женски -61кг;
5. Недим Шаќири кумите У21 машки -60кг;
6. Данило Божовиќ кумите У21 машки -84кг и
7. Стефан Стојановиќ кумите У21 машки -84кг.

На последниот ден од првенство во екипните настапи, натпреварувачите во борби и кати освоија три борнзи. Со бронзи се закитија машките кумите тимови за јуниори и У-21, како и кадетско-јуниорски ката тим мажи и тоа:

Кумите тим јуниори:
Македонија – Црна Гора 2-3
Репасаж – за бронза
Македонија – Босна и Херцеговина 1-3

Ката тим кадети и јуниори:
Македонија – Србија 21,40-22,80
Репасаж за бронза
без противник

Кумите тим У-21:
Македонија – Хрватска 3-1
Македонија – Романија 3-1
Македонија – Србија 0-4
Репасаж за бронза
Македонија – Словенија 3-0

Севкупниот пласман на нашата репрезентација е четврто место од вкупно 11 држави со вкупно освоени 18 медали од кои: четири златни, четири сребрени и 10 бронзени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons