Македонските кошаркари ги добија ривалите за претквалификациите за пласман на ЕП 2029
Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за првата фаза од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2029 година.
Македонија се најде во групата А заедно со селекциите на Луксембург, Ирска и Азербејџан.
Првопласираните три селекции и најдобрата второпласирана ќе обезбедат пласман во втората натпреварувачка фаза.
Оваа фаза од претквалификациите ќе се игра во три прозорци. Првиот е од 24.номеври до 2. декември, 2025 година, вториот е во периодот од 23. февруари до 3. март, 2026 година, а последниот ќе се игра во периодот од 29. јуни до 7. јули, во 2026 година.
Во втората рунда, освен овие четири репрезентации ќе бидат приклучени и осум репрезентации кои ќе бидат елиминирани во првиот круг од европските кваллификации за Светскиот Куп 2027 година во Катар.
PЌе бидат поделени во четири групи, а првопласираните ќе обезбедат место во квалификациите за Европското првенство.